Шар Планина и Беласица 28 февруари и 01 март 2026

05.03.2026

 • AK Skala TEAM

Викендот помеѓу 28-ми февруари и први март бевме на Шар Планина и на Беласица.

На Попова Шапка, Шар Планина, се одржа годишното собрание на Националниот сојуз за спасување на планина во кој сме активни членови. На средбата освен презентациите на сојузот за многубројните активности  од изминатата 2025 година се одржаа и презентации на мал дел од опремата наменета за спасување во планина во зимски услови.

Во неделата неколку членови од нашиот клуб се искачија на врвот Семер Кајасен на Беласица, комбинирано, со скии и пешачење.

Сподели:

Последни објави