06.05.2025
• AK Skala TEAM
На 12.10.2025, недела, изведовме вежби за спасување на тешко достапен терен на Беласица. Вежбите опфаќаа приод до местото, (комбинирано со возило и со брзо пешачење од Смолари до Сечена Скала), пронаоѓање на повредениот, негова целосна имобилизација со вакум-душек и транспорт со маринер-носилка до возило. Тренингот за овој тип на сценарија се многу важни заради создавање на рутина кај екипата на планинската спасителна служба при АК СКАЛА. Со овие вежби значително се скратува времето на реакција при евентуални несреќи на овие простори, со кое пропорционално се зголемуваат и шансите за спасување на повредениот. Такви несреќи на Беласица во блиското минато имаше неколку кои само заради среќа беа со позитивен крај.
Сподели:
Последни објави
16.03.2026 |
Активности• Новости
05.03.2026 |
Активности• Настани• Новости
20.01.2026 |
Активности• Настани











